Рецепти
Секогаш актуелни рецепти, рецепти од традиционалната кујна, интересни коктели.
Направете нешто за себе, пробајте нешто ново и интерсно.
Сите потребни состојки можете да ги најдете во Рамстор Супермаркетите во Скопје и Тетово.
Турски рецепти
ТИРАМИСУ
Додатоци за брашно :
- 50 гр . Мек Маргарин
- јајца
- 50 мл . Млеко
За влажнење на тестото :
- 350 мл . Млеко
- 1-2 супени лажици кафе
- 2-3 супени лажици шеќер во прав
- по желба додадете 1-2 лажици рум или ликер од бадем
Додатоци за кремот :
- 400 мл . Ладно млеко
- 200 гр . или 1 пакет лабне сирење .
Подготовка на тестото :
Брашното , јајцата , млекото и маргаринот се матат со миксер околу 3 мин . Тестото се става во тепсија со предходоно ставена мрсна фолија и се пече на препорачаната температура . Извадете го пандишпанот и оставете да се олади . Оладеното тесто исечете го вертикално на два еднакви дела .
Подготовка на кремот и влажнење на тестото :
Дел од пандишпанот ставете го во сад за послужување . Во млекото додадете го кафето и шеќерот во прав убаво измешајте ( по желба додадете рум или ликер од бадем ) и навлажнете го тестото . Кремата во прав и двете чаши ладно млеко ставете ги во соодветен сад и изматете со миксер околу 3 мин . после додадете го лабне сирењето и поматете уште 1 мин .
Декорација:
Со половина од подготовката за влажнење навлажнете го долниот дел од пандишпанот кој е сместен во садот за сервирање . Половина од кремата ставете ја врз овој пандишпан . Потоа ставете го горниот дел од пандишпанот и навлажнете го . Со останатата крема премачкајте ја тортата . Тирамису тортата ставете ја во фрижидер најмалку 1 час . Пред сервирање испрскајте ја тортата со правот за декорација и исечете на парчиња .
Тестото се пече во претходно загреана рерна од 160 С од 15-25 мин.
горе
СОЛЕНИ ПЕЦИВА СО СУСАМ
Потребни состојки:
- 500 гр . TUZLU KURABIYE UN
- 150 гр . Ме к Маргарин
- 1,5 чаша од чај кисело млеко
- 1 чаша од чај зејтин
- 1 јајце
- 1 филџан сусам
Подготовка:
Во брашното од кесичката додадете го маргаринот , киселото млеко , зејтинот и јајцата ( жолчката ), месете додека не добиете мека смеса . Потоа од тестото направете разни форми и премачкајте ги парчињата со белката од јајцето и декорирајте ги со сусам .
Препорака : Врз тортата се препорачува чоколаден сос од производите на др - Оеткер
Тестото се пече во претходно загреана рерна од 175 С од 25-35 мин.
горе
Салата од кус кус - Табуле
Потребни состојки :
- 250 гр кус кус
- 300 гр . вода
- 2 средни домати
- Магдонос
- 100 гр путер
- Маслиново масло
- Сол
Подготовка :
На загреана рингла се става 300 гр вода со сол и малку маслиново масло да зоврие . Откако ќе зоврие водата , садот се трга на страна и се става 250 гр кус кус , се меша додека зрната кус кус не набабрат . На посебна тава на тивок оган се става путер ( или маслиново масло по желба ) и две супени лажици кус кус да се пропржат . Откако зрнцата кус кус ќе се заруменат се додаваат на останатиот претходно приготвен кус кус и се меша .
На страна се сецкаат доматите на коцки и се сецка магдоносот . Се додаваат на смесата од кус кус и се меша додека не смесата не се изедначи .
Се додава сол по вкус.
горе
Булгур пилав со зеленчук
Потребен материјал:
- 2 главици кромид
- 4-5 зелени пиперки
- 2-3 супени лажици путер (или масло)
- 4 средни домати
- 2 средни компири
- 1 сад со шок булгур пилав
- 2,5 сад варена вода
- 1 лажичка шеќер
Подготовка:
- Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки варете ги со 2-3 те лажици путер.
- 4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садпт за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете.
- Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен булгур пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека булгурот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари.
горе
Кисир
Потребен материјал:
- 2 чаши шок булгур за ќофтиња
- 7-8 тазе кромид
- половина китка магдонос
- 4 чешниња лук
- 1 сув кромид
- 1 супена лажица ТАТ салца од домати
- 1 супена лажица ТАТ салца од пипер
- 2 чаши топла вода
- 1 лажичка сол
- 2 чаши шок булгур за ќофтиња
- 1 супена лажица нане
- 2 супени лажици буковец
- 1 супена лажица мелен црн пипер
- 1 филџан цеден лимон
- 1 дланка тазе лисја нане
- 2 домати
Подготовка:
- Белиот дел од тазе кромидот исечете го на половина. Потоа, заедно со зелените перчиња ситно исечкајте ги. Магдоносот, лукот и сувиот кромид исечкајте ги ситно и во еден сад измешајте ги. Затворете го садот и тргнете го настрана.
- Во чаша со топла вода испасирајте ги ТАТ салцата од домати и пипер. Потоа, оваа смеса ставете ја во поширок сад заедно со 2-те чаши шок булгурот за ќофтиња, потоа ставете чаша топла вода и една лажичка сол.Одвреме навреме промешувајте се додека булгурот не ја впие водата (приближно 15-20)
- Мешавината од кромидот, лукот и магдонозот додадете ги во булгурот.
- Потоа, зачините, цедениот лимон, зејтинот и лисјата од нане додадете ги и промешајте. Декорирајте со домат исечен на кружни парчиња, и покријте го со фолија се додека не почнете со сервирање.
горе
Подготовка на ХУМУС
Потребни материјали:
- 1.5 чаша ТАТ сварен наут
- половина чаша сусамово брашно
- половина чаша маслинов зејтин
- 3 мали лажички црвен пипер
- 4-5 чешниња лук
- 3 лимони
- сол
- маслинки, туршија и магданос за површината
Подготовка:
Најпрвин се вадат лушпите на наутот и потоа се меле на машина за ораси. Потоа се зема еден порцелански сад и во него се ставаат сусамовото брашно, истолчениот лук, црвениот пипер и солта. Малку по малку сипајте маслинов зејтин и сок од лимон.
Кога се става во чинија претходно се декорира со парчиња лимон, маслинки, магдонос и со парчиња туршија.
Буковецот се топи со путер и потоа се сипува врз хумусот и се декорира со туршија.
горе
ФАЛАФЕЛ
Потребни материјали:
- 1 чаша вода ТАТ сварен наут
- 1/2 исечкан кромид
- 2 супени лажици исечкан магдонос
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка буковец
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка ким
- 1 лажичка пециво
- 4-6 лажици брашно
- Масло за готвење
За декорирање:
Домати, кромид, пиперка, хумус, питарка
Подготовка:
- Наутот и кромидот ставете ги во кујнски робот. Потоа ставете магдоноз, кориандер, сол, пипер, лук и ким. Испасирајте ги убаво додека не станат како пире.
- Пецивото и 4-те лажици брашно додадете ги во кујнскиот робот и вклучете го да работи. Потоа додадете брашно или булгур за да не ви се лепи смесата на раце. Смесата ставете ја во покриен сад и оставете го неколку часа во фрижидер.
- Откако ќе постои смесата во фрижидер, од смесата формирајте мали ќофтиња. Испржете околу 6 ќофтиња на појак оган и потоа ставајте ги во чинија покриена со крпа, останатите кофтиња испржете ги сервирајте на истиот начин.
- Питарката исечете ја на средина и ставете ги ќофтињата, а одозгора ставете домати, кромид, пипер и малку додадете хумус.
горе |
| Активности |
Рамстор акции
Погледнете ги моменталните акции за одредени производи и искористете ги поволностите.
Рамстор
Погледнете ги подароците кои што можете да ги добиете со купување на одредени производи. |
| Партнери |



|
|